Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, двајца од нив предизвикале сообраќајни незгоди

Осум возачи биле приведени за безобѕирно управување возило, двајца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи, од кои пет на подрачјето на СВР – Битола, еден на подрачје на СВР – Струмица и двајца на подрачје на СВР – Охрид. Тројца од лишените на подрачје на СВР – Битола управувале возило без возаччка дозвола, еден под дејство на алкохол, додека еден управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Возачот на подрачјето на СВР – Струмица, исто така, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Еден од лишените возачи на подрачје на СВР – Охрид управувал возило и покрај тоа што има забрана, а другиот управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија од МВР.
Оттаму апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.






