Шестмина загинати во украински ракетен напад врз Брјанск, соопшти Русија

Неколку лица загинаа во украински ракетен напад врз рускиот град Брјанск, соопштија денеска руските власти.

 

Шест цивили загинаа, а 37 други се повредени во нападот, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Брјанск, Александар Богомаз. Тој ја обвини Украина за тероризам.

 

Брјанск се наоѓа на помалку од 100 километри од украинската граница.

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот бил оправдан.

 

Во видеообраќање, тој рече дека била погодена клучна руска воена фабрика во Брјанск. Објектот произведува електроника и компоненти што се користат во руските ракети, рече Зеленски.

 

– Тие ракети Русија ги користи за напади врз украинските градови, села и цивили. Ние се браниме – рече тој, додавајќи дека Москва има опција да ја прекине војната што самата ја почна.

 

Украина се брани од инвазија на Русија повеќе од четири години. Како дел од својата одбрана, Киев цели кон воени објекти во внатрешноста на Русија.

 

Сепак, бројот на жртви и обемот на штетата од таквите напади остануваат далеку помали од опустошувањето предизвикано од руските напади во Украина, пренесе ДПА

Back to top button
Close