Реза Пахлави со апел до Иранците: „Останете дома“
Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, денес ги повика Иранците да „ги напуштат улиците“ и заради сопствената безбедност да останат дома.

Почитувани сограѓани, влегуваме во критична фаза на нашата завршна борба. Ве молам што побрзо да се снабдите со најважните работи, заради сопствената безбедност, да ги напуштите улиците и да останете дома“, напиша тој на платформата Икс.
Тој им порача и да продолжат со штрајкот и да не се појавуваат на работа за да ја покажат својата солидарност, како и да продолжат силно да скандираат ноќе за да го демонстрираат своето единство. На воените и безбедносните сили им порача дека ова е нивната „последна шанса да се одделат од репресивните сили и да се приклучат на народот“.
Претходно денес, шефот на полицијата на Иран, Ахмад Реза Радан, ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците на протести поради промена на режимот, истакнувајќи дека лицата кои учествуваат во протестите ќе бидат третирани како непријатели на државата.
Веќе нема да го сметаме за демонстрант оној кој ќе излезе на улиците по барање на непријателот. Ќе го сметаме за непријател, а не за демонстрант, и така ќе го третираеме“, рече Радан на државната телевизија, пренесува Ројтерс.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика Иранците да востанат против раководството на земјата, додека траат американско-израелските напади врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати претходно ги повикувал Иранците да го соборат раководството во Техеран, но исто така ги повика да не излегуваат на улиците, во време на тековните американско-израелски напади објави Скопје1.мк






