Претседателот на Иран ги постави условите за крај на војната: признавање на правата, репарации, гаранции

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран.

„Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на Х.

Иранскиот претседател додаде дека за време на разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдил посветеноста на Иран за мир во регионот.

Back to top button
Close