Нападната италијанската воена база во Ербил
Министерството за одбрана на Италија соопшти дека синоќа е погодена италијанска воена база во ирачкиот град Ербил.

– Нашата база во Ербил беше погодена од проектил. Помеѓу италијанскиот воен персонал нема загинати или повредени. Сите се на сигурно, објави италијанското МО на Икс.
Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани на Икс наведе дека италијанските војници по нападот се засолниле во бункер, а сите припадници на контингентот се добро и безбедни.
Тој исто така го осуди нападот врз италијанската база во Ербил.
Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде има повеќе меѓународни воени бази






