(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ

Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја
Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност.
Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор.
Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја.
15 дена постојано го прашуваме Мицкоски: кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во Србија?
Нема одговор. Мицкоски молчи.
Зошто? Денеска ќе откриеме еден сегмент.
Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја и енергетиката.
Душан Адамовиќ, почесен конзул во соседна Србија назначен од владата на Мицкоски, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО – е директно поврзан со две компании.
Адамовиќ е директор на фирмата WBA TEAM ENERGY, регистрирана во 2023 година, и директор на фирмата WBA ENERGY ДОО, регистрирана на иста адреса.
Сопственик на овие фирми е офшор компанија од Кипар – EVELIXON TRADING LIMITED, која се врзува и со трговија со струја.
Што е заедничко за оваа компании? Бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја – омилениот бизнис на Мицкоски. И ова е само еден мал сегмент.

Во деновите што следуваат ќе објавиме и поширока мрежа.
Дали постои поврзаност со Сања Божиновска и на кој начин?
До каде води оваа мрежа на бизниси во енергетиката?
Нека видат граѓаните. Бидејќи за Мицкоски сè е бизнис.
Дали сега е појасно зошто Адамовиќ е поставен за почесен конзул?
Дали е сега појасно зошто молчи Мицкоски? Зошто има фотографии со него, зошто присуствува на настани на ВМРО?
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.
Сè ќе објавиме!






