Израелската војска ги предупреди жителите на јужен Либан да ги напуштат своите домови

Израелската армија ги предупреди жителите на големо подрачје од југот на Либан да ги напуштат своите домови, наведувајќи дека ќе дејствува „одлучно“ против Хезболах.

Портпаролот на израелската армија за арапскиот јазик, Авохај Адраи, денеска изјави на Икс дека Либанците треба да се префрлат посеверно од реката Захрани, која во својот среден тек е оддалечена околу 56 километри од границата со Израел.

Во последните 10 дена во Либан се раселени над 800.000 лица во најновиот конфликт меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, што е дел од пошироката војна во регионот на Блискиоит Исток

Back to top button
Close