Уапсен полски државјанин под сомнение дека ја шпионирал воената база на грчкиот остров Крит

Под сомнение за шпионажа, во близина на американската воена база во Суда на грчкиот остров Крит, уапсен бил 58-годишен полски државјанин, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот се движел со комбе и ја фотографирал базата во Суда, односно бродовите кои заминувале и пристигнувале на пристаништето, а материјалот го испраќал во Полска.

Во истиот регион, исто така за фотографирање и следење на воената база на Крит пред десет дена уапсен беше државјанин на Грузија.

Back to top button
Close