Милион евра чинела евакуацијата на македонските граѓани од Дубаи

На страната на системот за јавни набавки од вчера е објавен договорот на Министерството за надворешни работи со операторот за евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток.

Се работи договор co преговарање без објавување оглас за јавна набавка, постигнат со Авиалог Дооел за сума од 59.799.900 денари.

Претходно министерот Тимчо Муцунски рече дека на македонските граѓани нема да им се наплаќа авиопревозот за евакуирање.

До овој момент се евакуирани голем дел од македонските државјани кои бараа помош за напуштање на ризичните земји.

Вчера на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

 

Во образложението на МНТ се наведува:

Во врска со актуелната состојба на Блискиот исток поради што голем број на македонски државјани се затекнати во земјите кои се под напад или опасност од натамношни напади од страна на Иран, од почетокот на конфликтот досега, вкупно 473 македонски државјани ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби и побарале евакуација, поради што Амбасадите секојдневно комуницираат со нашите државјани и прибираат податоци и барања за евакуација од регионот, односно од Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт и Бахреин, но во моментов не постојат можности за евакуација по воздушен пат.

Со оглед дека МНРИНТ е во постојана комуникација со надлежните органи од овие држави и се очекува наскоро да се овозможат безбедни воздушни коридори за евакуација на затекнатите странски државјани, вклучително и македонските, се наметнува итна потреба од навремена подготовка за обезбедување на превозно средство авион за превземање на нашите државјани од регионот, заради што врз основа на Заклучокот на Влада број 57-2493/1 од 154-а седница од 03.03.2026 година, точка 59, неопходно е да се спроведе итна јавна набавка согласно член 55 од Законот за јавни набавки (*) („Службен весник на РМ” бр. 24/19 и „Службен весник на РСМ” бр. 87/21 и 14/25), кој гласи: „Договорниот орган може да спроведе постапка сco преговарање без објавување оглас за јавна набавка за стоки, услуги или работи доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои Договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат. Околностите со кои се оправдува крајната итност во никој случај не смеат да бидат такви за да му се припишат на договорниот орган.” Исто така, „по исклучок на ставот (5) од овој член, договорниот орган нема обврска да добие претходно мислење пред да спроведе постапка со преговарање без претходно објавување оглас врз основа на став (1) точка г) од овој член доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето”.

Имајќи во предвид дека МНРспроведе претходна постапка за јавна набавка со преговарање без објава на оглас во која не беше обезбедена ниту една понуда во предвидениот рок, Комисијата за јавни набавки предложи да се отпочне нова постапка со преговарање без објавување на Оглас до изнаоѓање на прифатлива понуда

Со оглед на потешкотиите во актуелниот момент да се изнајде авио превоз за предметната цел од предметот на јавната набавка, понуда (и) може да се обезбедат од посредничка агенција или директно од авио компании“.

Back to top button
Close