Четириесетгодишник во Кисела Вода го нападна својот татко и му го запали автомобилот


Скопската полиција приведе 40-годишники откако беше пријавен дека физички го нападна својот татко и му го опожари автомобилот.

Како што соопштија од МВР, завчера рано утрината во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т. (40) од Скопје.

Според пријавеното, еден час пред пријавата тој физички го нападна својот 61-годишен татко, по што му го опожари патничкото возило.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close