Руски напади во три региони на Украина: има загинати и повредени

Во руско гранатирање во југоисточниот украински регион Дњепропетровск загинало едно лице, а шестмина се повредени, додека жртви има и во регионите Запорижје и Белгород, соопштија локалните власти.
Шефот на воената администрација на Дњепропетровската област, Олександр Ганжа, преку Телеграм информира дека руските сили нападнале две локации во регионот, при што има загинати и повредени.
Напад бил регистриран и во југоисточниот регион Запорижје. Гувернерот Иван Федоров соопшти дека четири лица се повредени во напад во близина на главниот град на регионот, кој го носи истото име – Запорижје.
Во меѓувреме, од другата страна на границата, во руската Белгородска област, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека едно лице загинало во украински напад врз село во близина на границата.
Нападите се дел од продолжените борби меѓу руските и украинските сили, кои со месеци се водат на повеќе фронтови долж источниот и јужниот дел на Украина.
Извор: skopje1.mk






