Трамп: Зеленски е последната личност од која ни треба помош против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му е потребна помош од Украина во борбата против иранските беспилотни летала на Блискиот Исток.„Последната личност од која ни е потребна помош е Зеленски“, рече Трамп во интервју за NBC News.

. EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Трамп не потврди ниту негираше дали САД ја прифатиле помошта од Украина во областа на технологијата за пресретнување. Тој, исто така, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека му било „многу потешко да склучи договор“ со него отколку со рускиот претседател Владимир Путин во врска со напорите за завршување на војната во Украина.

Коментарите на Трамп следеа по критиките од светските лидери откако САД ги ублажија санкциите за руската нафта во обид да го ублажат порастот на глобалните цени на нафтата.

„Изненаден сум што Зеленски не сака да склучи договор. Кажете му на Зеленски да склучи договор, бидејќи Путин е подготвен да склучи договор. Многу е потешко да се преговара со Зеленски“, рече Трамп.

– Сакам светот да има нафта. Сакам да имам нафта, рече Трамп, коментирајќи ја одлуката за укинување на некои санкции против руската нафта во време кога нејзините цени брзо растат.

– Затоа веќе испративме групи експерти во три земји, додаде Зеленски

Back to top button
Close