Мерц: Германија нема да учествува во војната против Иран бидејќи нема меѓународен мандат

Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека таквата акција нема мандат од Обединетите нации или од Европската Унија.

– Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО – рече Мерц на прес-конференција во Берлин.

Германскиот канцелар додаде дека Соединетите Американски Држави и Израел не ја консултирале Германија во врска со покренувањето на нападот.

„Кога станува збор за Иран, никогаш не е донесена заедничка одлука за тоа дали воопшто треба да се интервенира. Само по себе, затоа, не се ни поставува прашањето за евентуално воено учество на Германија“, нагласи Мерц.

Back to top button
Close