Би-Би-Си бара отфрлање на тужбата од 10 милијарди долари: Изборната победа на Трамп докажува дека угледот не му е нарушен

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си побара од американски суд да ја отфрли тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп и барањето за отштета од 10 милијарди долари поради монтажа на негов говор од 2021 година во документарен филм.

Во судските документи објавени денеска, Би-Би-Си наведе дека повторниот избор на Трамп за претседател на САД покажува дека наводната клевета не го оштетила неговиот углед.

Трамп го обвини Би-Би-Си дека го оклеветил со спојување и монтажа на делови од говорот од 6 јануари 2021 година, за да изгледа како да им наредил на своите поддржувачи да упаднат во Капитол Хил во Вашингтон. Документарецот беше емитуван во 2024 година, непосредно пред победата на Трамп на претседателските избори.

Во еден дел од документарецот се гледа како Трамп ги повикува поддржувачите да упаднат во Капитол, а потоа во друг дел вели „се борат како луди“. Тужбата на Трамп, поднесена до судот на Флорида, тврди дека Би-Би-Си го оклеветил и го прекршил законот на Флорида кој забранува измамнички и нефер практики.

„Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтажата, но тврди дека тужбата треба да се отфрли бидејќи Трамп победи на изборите по емитувањето на контроверзниот документарец и не може уверливо да се тврди дека филмот му наштетил на неговиот углед“, наведоа адвокатите на Би-Би-Си во судските поднесоци.

Back to top button
Close