Најмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут

Најмалку шест лица загинаа, а 24 се повредени рано утринава во изралски напади врз центарот и јужните предградија на Бејрут.

Како што соопшти либанското Министерство за здравство, силна експлозија е регистрирана во областа Башура, која беше цел на израелски напад и минатата недела.

Претходно израелските власти предупредија за нападот.

Цел на нападите биле и објекти во населбата Зокак ал-Блат во центарот на Бејрут, каде и минатата седмица израелската армија ракетираше филијали на финансиската компанија Ал-Кард ал-Хасан, поврзана со Хезболах.

Друг напад е извршен врз централната област Баста, а сведоци укажуваат на серија детонации.

Сите ракетирани и бомбардирани објекти утрово се наоѓаат во непосредна близина на владини згради, а најмногу напади се изврпени во близина на Министерството за финансии и седиштето на претседателот на Владата на Либан.

Денешните изралески напади се случуваат откако претходно во текот на ноќта припадници на Хезболах лансираат десетици ракети кон северниот дел на Израел

Back to top button
Close