Берни Сандерс: Мора да се прекине американската воена помош за Бенјамин Нетанјаху
Американскиот сенатор Берни Сандерс ги критикуваше трошоците за воените напади на Вашингтон врз Иран, истакнувајќи дека огромните средства потрошени за војна можеле да се пренаменат за клучни домашни програми. Според него, досегашните трошоци достигнале 22,8 милијарди долари.

Во објава на социјалната мрежа X, Сандерс ги наведе трошоците од војната:
„Со 22,8 милијарди долари можевме да обезбедиме здравствено осигурување преку Medicaid за 6,8 милиони деца, да изградиме 2,6 милиони станови, да финансираме предучилишна програма Head Start за 1,3 милиони деца, да вработиме 240.000 наставници и да отпишеме 20.000 долари студентски долг за еден милион корисници“, порача Сандерс.
Тој повика јавните услуги да имаат предност пред воената потрошувачка во услови на ескалација на регионалните тензии.
Во друга објава, сенаторот нагласи дека во услови на војна со Иран не смее да се заборави состојбата на Западниот Брег.
„Во една година, повеќе од 36.000 Палестинци се присилно раселени на Западниот Брег, 240 се убиени, а регистрирани се повеќе од 1.700 напади од израелски доселеници. Мора да ја прекинеме американската воена помош за Нетанјаху“, изјави Сандерс.






