Американската војска испраќа уште три воени брода и околу 2.500 маринци на Блискиот Исток

Армијата на САД распоредува уште три воени брода и околу 2.500 војници на Блискиот Исток, објавија денеска официјални лица.
Официјален претставник потврди дека воениот брод „УСС Боксер“ и два други слични брода, како и 2.500 маринци се на пат кон Блискиот Исток од пристаништето Сан Диего на западниот брег на САД.
Извори изјавија за амаерикански медиуми дека војниците го напуштаат Западниот брег на САД околу три недели порано од планираното, но не прецизираа каква е нивната мисија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера им изјави на новинарите дека не испраќа сили „никаде“, а доколку го стори тоа, нема да им го објави тоа на медиумите






