Тешко повредено 8-годишно дете откако возило удрило во него

Осумгодишно дете било повредено во сообраќајка, во Радовиш, кога возило удрило во детето.
-На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш-Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од МВР.
Извор: fokus.mk






