Зрновци потресено: Според неофицијални извори, девојка е жртва на тежок инцидент

Според неофицијални и засега непотврдени информации, во Зрновци се случил сериозен кривичен настан во кој наводно животот го загубило женско лице.

Дел од информациите упатуваат и на можност за претходно насилство, но надлежните институции сё уште немаат излезено со официјална потврда за деталите.

Во моментов, на местото на настанот се присутни екипи од Полициската станица Кочани кои вршат увид и
ги преземаат првичните истражни дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат повеке информации во текот на денот, со оглед на
тоа што случајот засега се третира како неофицијален.

Извор: radiokocani.mk

Back to top button
Close