Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во лавина во Јужен Тирол

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени од кои тројца потешко во лавина во долината Ридана во италијанската покраина Јужен Тирол, објави Центарот за итни случаи во Болцано, јави италијанската новинска агенција AНСА.
Лавината почнала во 11:40 часот на надморска височина од 2.445 метри, погодувајќи вкупно 25 скијачи кои во тој момент биле на патеката.
Спасувачки единици пристигнале на терен со хеликоптер, а локалните пожарникари се приклучиле во потрагата.
Само пред неколку дена, на 12 март, Јужен Тирол ја одбележа 10-годишнината од огромната лавина Монте Невосо над Рива ди Турес, најлошата планинска катастрофа во Јужен Тирол во последните неколку децении, во која загинаа шест лица.






