Протече транскрипт — Сијарто наводно му вртел на Лавров на паузите од состаноците во Брисел

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан одржувала блиски контакти со Москва, а министерот за надворешни работи Петер Сијарто наводно ги користел паузите за време на состаноците на Европската Унија за да разговара со својот руски колега Сергеј Лавров, објавува 24.hu.

 

 

„Вашингтон пост“ денеска објави дека Сијарто со години им испраќал на властите во Москва информации од состаноците во Брисел.

Сега „24.ху“ објави наводен транскрипт од разговор со шефот на руската дипломатија во 2020, во кое унгарскиот министер за надворешни работи изнел конкретно барање од својот руски колега.

Новинарот Саболч Пани тврди дека транскриптот потекнува од разговор што во февруари 2020 година го снимила безбедносна служба на една земја од Европската Унија. Според неговото објаснување, наспроти предупредувањата од безбедносните служби да не го прави тоа, Сијарто му се јавувал на Лавров преку отворена, незаштитена линија, поради што нивните разговори можеле лесно да бидат пресретнати од европските служби.

Според транскриптот, Сијарто побарал помош од рускиот министер за владата предводена од премиерот Петер Пелегрини пред тогашните словачки избори.

„Здраво, Сергеј, јас сум Петар. Ви благодарам што разговаравте со мене. Ако добро разбрав, во Минхен сте на конференцијата, нели?“, вели Сијарто, а Лавров одговара: „Да, во Минхен сум“.

Сијарто потоа вели:

„Не сакам да ве вознемирувам, но премиерот ме замоли бидејќи имаме прилично големо барање до вас. Како што знаете, во Словачка ќе има избори на 29 февруари и за нас е клучно коалицијата таму да може да продолжи. Разбирам дека ова може да звучи чудно од унгарски конзервативци, но се надеваме на победа на социјалдемократите бидејќи тие се единствената рационална сила во словачката политика што работи без странско влијание. Сè друго практично е финансирано од Сорос. Ако опозицијата победи, тоа би било трагедија за централноевропската соработка. Исто така е важно претседателот на словачкиот парламент да го помине прагот од пет проценти, но единствената шанса коалицијата да ги добие изборите е што премиерот Пелегрини беше тука за да ги добие изборите, дури и за половина час. Тој ни рече дека е поважно за општеството од патувањето во Вашингтон што го побара, дали може да се организира вашиот премиер да го прими словачкиот премиер во Москва некаде во февруари…?“

 

На тоа Лавров одговара:

„Ова е големо барање, но ќе му го проследам на премиерот“

По ова, Сијарто продолжува:

„Разбирам. Би било одлично ако можете да го организирате тоа. Пелегрини побара наша помош во ова прашање бидејќи знае дека имаме добри односи и дека нашите претседатели се исто така во добри односи. Затоа ни ја довери оваа работа.“

Шефот на унгарската дипломатија во објава на „Икс“ ги отфрли обвинувањата дека испраќал информации во Москва, нарекувајќи ги „лажни вести

Back to top button
Close