Фокача

Фокачата е традиционален италијански леб со мека и воздушеста внатрешност и крцкава кора, збогатен со маслиново масло и различни додатоци. Оваа варијанта со маслинки, чери домати и ароматични билки е совршен спој на медитерански вкусови, идеална како прилог или лесен оброк.

Потребни состојки:

500 грама брашно

300 мл млака вода

7 грама сув квасец (или 20 г свеж)

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

4–5 лажици маслиново масло

100 грама маслинки (црни или зелени, без семки)

150 грама шери домати

1 лажичка сув или свеж рузмарин

1 лажичка мајчина душица

Морска сол по вкус

 

 

Начин на подготовка:

Во мал сад измешајте ја млаката вода со квасецот и шеќерот, па оставете да отстои околу 10 минути додека се активира. Во поголем сад ставете го брашното и солта, па додајте ја активираната смеса со квасецот и 2 лажици маслиново масло. Замесете меко и еластично тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го да нарасне на топло место околу 1 час, или додека не го удвои волуменот. Префрлете го тестото во намрсена тава и со рацете развлечете го во правоаголна форма. Оставете го да одмори уште 20–30 минути. Со прстите направете вдлабнатини по површината на тестото, па наредете ги маслинките и преполовените чери домати. Посипете со рузмарин, мајчина душица и морска сол, а потоа прелијте со преостанатото маслиново масло. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 20–25 минути, додека не добие златно-кафеава боја.

Фокачата е највкусна кога се служи топла, но одлична е и следниот ден.

Фото: Фрипик

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close