Трамп ја усвојува реториката на Русија: За демократите тоа е војна, а за нас воена операција
Претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, „палестински водач“.

Трамп, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и главната обвинителка Пам Бонди учествуваа во Мемфис на тркалезна маса за Безбедната работна група.
– Демократите ја ставаат нашата земја во голем ризик во овој период, во период, кој тие го нарекуваат војна. Тие тоа го нарекуваат војна, а ние го нарекуваме воена операција. Нивните лидери во моментов се, како што знаете, како и да сакате да го наречете, во свој свет, наведе Трамп.
Тој истакна дека „Шумер е готов, тој е Палестинец … Тој всушност стана палестински лидер“.
Никогаш не сум видел човек кој толку многу се променил. Порано беше про-Израел, а сега е про-Палестина. Никогаш не сум видел нешто слично. Се грижи дека ќе ги изгуби следните избори, а тоа ќе зависи само од тоа дали некој ќе се кандидира против него. Ако некој се кандидира против него, ќе изгуби. Тој е целосно растроен и многу опасен за нашата земја, истакна Трамп.
Претходно, Шумер во Сенатот предупреди дека војната со Иран нема јасно дефинирани цели.
– Војната на Трамп со Иран влегува во четвртата недела и не и се гледа крајот. Наместо да му даде на американскиот народ јасен план за тоа како да продолжи, претседателот на САД, врховниот командант, за жал, сè уште беспомошно талка наоколу, наведе Шумер






