Филипини први во светот прогласија вонредна енергетска состојба поради војната на САД и Изрaел против Иран

Филипините денеска станаа првата земја во светот што прогласи национална енергетска вонредна состојба како одговор на растечките глобални прекини во снабдувањето со енергија предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток.

 

Претседателот Фердинанд Маркос помладиот потпиша извршна наредба со која формално прогласува вонредна состојба и започнува национален план за стабилизирање на залихите со енергенси и заштита на економијата од зголемувањето на цените на горивата.
Како дел од мерките, владата воведе сеопфатен пакет за помош наречен Унифициран пакет за живот, индустрија, храна и транспорт (UPLIFT), насочен кон поддршка на клучните сектори.

На Филипините, од пред неколку денови владини канцеларии наложија вработените да работат од дома најмалку еден ден во неделата, а претседателот забрани непотребни патувања во јавниот сектор.

Шри Ланка ја прогласи секоја среда за празник за јавните институции за да заштедат гориво, бидејќи земјата се соочува со недостиг на енергенси поради војната на САД и Израел со Иран.

Тоа се најновите во низата мерки за затегнување на ременот преземени од азиските земји откако војната го затвори Ормутскиот теснец, преку кој танкерите транспортираа милиони барели нафта од Персискиот Залив до регионот, јави Би-Би-Си.

„Мораме да се подготвиме за најлошото, но да се надеваме на најдоброто“, рече претседателката на Шри Ланка, Анура Кумара Дисанајаке.
Речиси 90 проценти од целата нафта и гас што поминаа низ теснецот минатата година беа наменети за Азија, која е најголемиот регион увозник на нафта во светот.
На други места во земјите од Азија, властите прибегнаа кон разни мерки за штедење.
На пример, во Тајланд, владата ги повикува луѓето да ги заменат оделата со кошули со кратки ракави за да ја намалат зависноста од климатизација, додека во Мјанмар, на приватните возила им е дозволено да возат пар-непар.

Бангладеш го започна празникот Рамазан на универзитетите и воведе планирани прекини на електричната енергија низ целата земја за да заштеди енергија.

Back to top button
Close