Рејтингот на Трамп на најниско ниво откако се врати во Белата куќа


Рејтингот на претседателот на Соединетите Американски Држави – Доналд Трамп, падна во последните денови на најниско ниво откако се врати во Белата куќа.

Рејтингот на Трамп опаѓа поради наглиот пораст на цените на горивата и широкото неодобрување од војната што ја започна против Иран, покажа анкета на Ројтерс/Ипсос.

Анкетата покажа дека 36 проценти од Американците го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување од 40 проценти од минатата недела.

Мислењата на Американците за Трамп значително се влошија поради неговото управување со трошоците за живот, бидејќи цените на бензинот пораснаа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран.

Само 25 проценти од испитаниците го поддржаа начинот на решавање на проблемот од страна на Трамп, на кој тој ја темелеше својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

Back to top button
Close