Израел соопшти: Убиен човекот одговорен за блокадата на Ормускиот теснец

Неименуван израелски службеник изјави за Times of Israel дека во напад во иранскиот град Бандар Абас е убиен командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.

Според ова тврдење, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормускиот теснец, еден од клучните светски коридори за транспорт на нафта.

До сега нема официјална потврда од Иран ниту коментар од израелската војска за наводниот напад.

Back to top button
Close