И по речиси половина година некои општини се уште им должат пари на членовите на изборните тела

Речиси пет месеци по завршувањето на вториот круг од локалните избори, се уште има општини кои не ги подмириле своите обврски кон членовите на изборните тела – избирачките одбори и општинските изборни комисии. Станува збор за поголемиот дел од скопските општини и дел од општините од внатрешноста, кои не ги исплатиле членовите и замениците членови. Но, бројката од нив не е занемарлива , спротивно, станува збор за бројка од неколку илјади луѓе, бидејќи општините кои им должат се меѓу поголемите во државата. Особено скопските меѓу кои, според информациите на Фокус, се Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Аеродром кои имаат меѓу 53 и 93 избирачките места. А, ако се знае дека а секое изборно место во одборот треба да има по пет члена и исто толку заменици, тогаш бројката на вклучени лица во нив е десеткратно поголема од бројот на местата.

Фокус“ веќе објави дека во општина Аеродром имало одлука надоместоците да им се исплатат намалени за 50 отсто, за што реагираа опозициските советници. Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори. Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик.

„Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник на ДИК и се движи од минимум 12.000 денари за член и заменик на избирачки одбори кои имаат до 300 гласачи, се до 22.000 дена за претседателот на избирачките одбори кои имаат над 901 гласач. Советот на општина Аеродром нема право произволно да го менува овој износ“, велат советниците од СДСМ во Аеродром.

Повеќе

Back to top button
Close