Доцна синоќа опожарен кровот на затворската амбуланта во Идризово


Доцна синоќа избувнал пожар на кровот од објектот на затворската амбуланта во затворот Идризово, потврди полицијата.

Од МВР велат дека настанот бил пријавен во СВР Скопје, 21 минута по полноќ.

На местото интервенирала Бригада за противпожарна заштита Скопје, чии екипи брзо успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а по гаснењето, бил извршен увид. Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот

Back to top button
Close