Арагчи предупредува: Постојат нови мети

Иран преку новинската агенција „Фарс“ и изјава на министерот за надворешни работи Абас Арагчи упати предупредување до хотелските оператори на Блискиот Исток дека објектите во кои престојува американско воено лице би можеле да бидат третирани како легитимни одбранбени цели доколку ваквата практика продолжи.

Во пораката до хотелите и угостителските објекти, се наведува дека цивилни згради што се користат за сместување на американски војници може да бидат сметани за потенцијални цели, доколку не се прекине нивната употреба за таа намена.

Ваквиот став го пренесе иранската полузванична агенција „Фарс“, повикувајќи се на извори блиски до Револуционерната гарда. Според нив, локациите што ги користи американското воено присуство не се ограничени само на Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

Се тврди дека алтернативни сместувачки капацитети за странските сили веќе се идентификувани и во други делови од регионот, вклучително Сирија, Либан и Џибути.

Изворите наведуваат дека предупредувањето на Иран е „сеопфатно и конечно“, нагласувајќи дека секој објект кој прифаќа странски воен персонал, без разлика на неговата географска локација, може да биде третиран како легитимна цел доколку не се прекине, како што велат, спорната практика.

Претходно, министерот Арагчи објави порака на платформата X во која тврди дека американските војници ги напуштиле воените бази во земјите од Персискиот Залив и престојуваат во хотели и деловни објекти.

„Од почетокот на овој конфликт, американските војници се повлекоа од базите и се сместуваат во хотели и канцеларии“, напиша Арагчи, обвинувајќи дека на тој начин се користат цивилите како „жив штит“.

Тој упати апел до хотелите во земјите од Заливот да одбиваат резервации од американски воен персонал објави Скопје1.мк

Back to top button
Close