Уапсен скопјанец, со возило удрил во тротинет а потоа и го претепал возачот

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 16:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје.

Тој околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, соопшти полицијата

Back to top button
Close