САД можат со сигурност да потврдат дека во нападите се уништени една третина од иранските ракети

САД можат со сигурност да утврдат дека уништиле околу една третина од огромниот ракетен арсенал на Иран за време на нападите во текот на изминатите четири недели, изјавија повеќе лица запознаени со американските разузнавачки служби.
Изворите, под услов да останат анонимни, за британските медиуми појаснија дека статусот на уште една третина од иранскиот ракетен арсенал е нејасен, но дека се претпоставува дека бомбардирањето на САД и Израел веројатно го оштетиле, го уништиле или дека ракетите се затрупани под урнатините во подземните тунели и бункери.
Еден од изворите рече дека разузнавачките информации се слични и за иранските беспилотни летала и дека постои одреден степен на сигурност дека досега е уништена една третина.
Разузнавачките податоци се во спротивност со јавните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера изјави дека Иран „има многу малку преостанати ракети“.
До средата во американските напади беа погодени над 10.000 ирански воени цели и, според Централната команда на САД, потонале 92 проценти од големите поморски бродови на Иран.
Еден извор рече дека дел од проблемот бил во утврдувањето колку ракети биле складирани во подземните бункери на Иран пред почетокот на војната.






