Кавадарчанец лишен од слобода по пријава за физички напад врз неговиот 74-годишен татко

Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.






