Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, објави Скопје1.мк






