СДСМ: Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа

Паричник анкета. Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.

Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие.

Тоа е „паричник анкетата“.

Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот џеб колку пари имат. Е тоа е вистинската анкета за „рејтингот“ на власта.

Реалноста е во џебот на секој граѓанин и таа реалност е сурова. Нема поголема вистина за рејтингот од празниот паричник од празниот џеб.

Граѓаните немаат пари и едвај врзвуваат крај со крај.

Секое семејство, секој работник, секој млад човек ја знае оваа вистина преку сопствениот паричник.

Нема поголема анкета од оваа.

Нема леб, но затоа има игри!

Македонија повторно горда!

Back to top button
Close