ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Блискоста на Заев и Филипче и ден-денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров, кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма.

Станува збор за фирма со која до пред само некоја година управувал лично Вице Заев. Истата фирма била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија кога Заев бил премиер. Сара Инженеринг ДОО Струмица е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај.Заев сè уште го води СДС и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче ги става директори на фирми блиски до неговото семејство.

Back to top button
Close