Стојанче ги оставил Ивана и Катја на автопат во еден часот по полноќ, па Саздов дошол да ги земе, сведочи мајката
Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во судница сведочеше што претходело на одлуката Стојанче и Ивана да се разведат. Имено, Стојанче Јовановски среде автопат во 1 часот по полноќ ги оставил својата ќерка и својата сопруга и си заминал за Скопје, зашто се изнервирал кога се враќале сите заедно од свадба во Штип што Ивана не се приклучила на точната клучка и го згрешила патот.

Тогаш во ситуацијата помогнал Мартин Саздов, другарот на Стојанче кој отишол да ги земе Ивана и Катја ноќе, на автопат, каде Стојанче ги оставил претходно.
-На враќање згрешила Ивана каде да се исклучи на пат, се скарале. Стојанче ги избркал од кола Катја и Ивана на автопат, ја удирал ја клоцал Ивана. Катја рече – „и мене бабо ме удри“. И си заминал, ги оставил на автопатот во 1 часот ноќта. Ивана се јави на свекрвата дека е оставена на автопат, да дојде да ја земе. Мајката на Стојанче рекла дека ја боли стомак и не може да ја земе. Се јавила Ивана кај свекорот и тој кажал „не можам да дојдам“. Се јавила на Мартин Саздов и тој отишол, да ги земе од автопат и ги однел кај него дома. Фала му. Ивана после нас ни рече – „тато, мамо не можам веќе да издржам“. По што ние двајцата ѝ кажавме да остане кај нас, дека тоа е нејзина куќа, сведочеше Љубица Стојановска.
Запрашана во каков однос била Ивана со Мартин Саздов, мајка ѝ рече:
-Катја беше многу искрено дете. Таа покрај сите проблеми што ги гледаше со мајка ѝ и татко ѝ имаше љубов во срцето кон татко ѝ. Никогаш не рекла лош збор за татко ѝ. Тогаш само кажа „тато ја удираше со клоци мама долу легната на автопат и не избрка од автомобилот“. Сепак покрај тие работи, Мартин и Стојанче имале комуникација. Дури Стојанче за овој случај на Мартин Саздов му кажал „двете к…и ги натепав“. А тука мислел на ќерка ми и внука ми.
…






