Филипче: Криминал, корупција, сиромаштија, иселување – тоа се децениите на Мицкоски

„Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во Европската Унија. Тоа значи, децении загарантирана сиромаштија, загубени генерации поради засилено иселување на младите, карта во еден правец за македонската младост. Значи децении криминал и корупција без никаква контрола. Значи тонење во калта на Мицкоски и неговата криминална банда“ – обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека Мицкоски, со својата бизнис мрежа и луксузен живот, посакува децениска изолација, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

„Христијан Мицкоски со часовници од 60.000 евра, со бизнис мрежа во тендерска групација посакува децениска изолација. Бизнисменот Мицкоски може да чека. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, не можат и не смеат и нема да чекаат.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека за македонскиот народ, членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство.

„За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, носи пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии, подобро образование, подобра инфраструктура, подобро здравство, и секако правда. Македонија нема децении за губење! Оваа земја не е создадена за да чека, за да стои во место, да се плаши во неизвесност и да се затвора во изолација.“, порача Филипче.

Back to top button
Close