Јована Мојсоска – Левица: „Секоја чест новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“

Во објава на социјалните мрежи, Јована Мојсоска од Левица реагираше на одлуките на Советот на јавни обвинители, оценувајќи ги како директно следење на интересите на Владата и на Мицкоски. Според нејзиното објавување, се случиле низа контроверзни постапки кои сериозно ја загрозуваат независноста на обвинителската служба.

„Да ги резимираме одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител:

Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ;

Ја отфрлија претставката на Ленче Ристоска против Мицкоски и застанаа во одбрана на премиерот;

Државниот обвинител Савески за нов шеф на Вишото ЈО ја предложи обвинителката Јасмина Костеска ЗДРАВЕСКА, за која се слушаше како Мијалков и Јанкуловска го договараат нејзиниот избор. Здравеска е сопруга на вмровскиот кадар Вецко Здравески кој беше дел од Комисијата за лустрација и осомничен во случајот “Моќник” со Антонио Милошоски. Минатата година токму власта на Мицкоски го избра Вецко Здравески за член на Комисијата за заштита од дискриминација.

Ја укина суспензијата за вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, кој се откажа од гонење во случајот против Латас и кој го укина куќниот притвор на функционерот од ДУИ Беким НЕЗИРИ за упадот во М-НАВ.

Савески за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот “Талир” за незаконското финансирање на ВМРО.

Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска.

Back to top button
Close