Словачка и Чешка бараат од ЕУ да го принуди Зеленски да го отвори протокот на нафта

Европската комисија треба да престане со барање алтернативни решенија и да ја принуди Украина да го овозможи протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо по заедничката седница на словачката и чешката влада во Нова Хорка.
Според Фицо, ова е единственото решение за стабилизирање на пазарот по кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток и тензиите во Ормуската Теснина.
Тој ги критикуваше Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски за наводни политички игри, нагласувајќи дека Словачка и Унгарија имаат легално право да увозуваат руска нафта и гас до 2027 година. Фицо додаде дека сателитските снимки не покажуваат надворешни оштетувања на нафтоводот, спротивно на тврдењата на Киев.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш го поддржа барањето за обнова на јужниот крак на „Дружба“, посочувајќи дека преку него би можело да се испорачува и нафта од Казахстан. Бабиш истакна дека енергетската криза не смее да се решава индивидуално, туку преку регионален формат кој покрај Вишеградската група би ги вклучил и Германија и Австрија.
Двете влади ја обновија практиката на заеднички седници по тригодишна пауза, што Фицо го оцени како враќање на вонсериските односи меѓу Братислава и Прага.






