СДСМ: „Историско“ зголемување на платите за 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел

Македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Владата на Мицкоски не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презима мерки за намалување на високите цени но затоа ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
„Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување.
За само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари.
Поскапе и лебот, а Мицкоски уште чека, не воведува мерки.
Очигледно Владата на Мицкоски мисли дека граѓаните не ги гледаат своите џебови, празните паричници и фрижидери.






