Aвтомобил гори на кружен тек во Скопје
Опожарено возило гори на кружниот тек во скопско Влае. Од видеото што го добивме, може да се види дека возилото стои опожарено на тротоарот на булеварот „Партизански одреди“ во правец накај населбата Ѓорче Петров.

Се очекува да пристигнат екипи на Противпожарната бригада и полицијата.Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот и дали има повредени.
Според првичните информации, огнот избувнал ненадејно, а густ чад се издигал високо над местото на настанот. Засега нема официјални податоци за повредени лица






