Уапсен скопјанец во Слепче: осомничен e дека допирал малолетничка по телото

Педесет и шестгодишен жител на Скопје е лишен од слобода во прилепското село Слепче, општина Долнени, поради сомнение дека допирал по телото малолетничка од Прилеп, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, приведувањето било извршено на 5 април 2026 година во 22:10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Back to top button
Close