Трамп најави директни преговори со Иран во блиска иднина

– По постигнатиот договор за прекин на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Вашингтон и Техеран да започнат директни преговори во многу блиска иднина.
„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф, а можно е да се приклучи и потпретседателот Џеј-Ди Венс.
Претходно, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги покани делегациите на САД и Иран в петок во Исламабад, каде што треба да се разговара за конечен договор за решавање на конфликтот.
Според пакистански извори, на средбата би можеле да присуствуваат и претставници од Саудиска Арабија, Турција и Египет, кои претходно се консултираа со Пакистан за деескалација на ситуацијата






