Новинар на „Ал Џезира“ и уште три лица загинати при израелски напади во Газа

Четири лица загинаа во израелски воздушни напади во Појасот Газа вечерва, а меѓу нив е и новинарот на катарската телевизија „Ал Џезира“, Мухамед Вашах, соопштија локалните власти и катарскиот медиум.
Нападот во кој загина новинарот и уште еден Палестинец бил насочен кон неговиот автомобил додека се движел по крајбрежниот пат во градот Газа.
Израелските власти во февруари 2024 година го обвинија Вашах дека е член на вооруженото крило на Хамас, објавувајќи фотографии за кои тврдеа дека го прикажуваат како ракува со оружени системи, најдени во конфискуван компјутер во Газа.
И Хамас и „Ал Џезира“ тогаш ги демантираа овие тврдења.
Катарскиот канал потврди дека новинарот загинал при напад со дрон. Во друг израелски удар во централниот дел на Појасот Газа, загинаа уште две лица.






