Нетанјаху: Примирјето е само фаза, а не крај на воената кампања

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран не претставува крај на кампањата против Иран и дека Израел е подготвен да ги обнови борбите во секој момент.
– Сè уште не сме ги постигнале сите цели и тоа ќе го сториме или со договор или со возобновување на борбените дејствија – истакна Нетанјаху, додавајќи дека примирјето е само една фаза од процесот.
Тој увери дека привремениот прекин на огнот во траење од две недели бил „целосно усогласен“ меѓу Вашингтон и Израел, негирајќи дека неговата земја била изненадена од потегот на американскиот сојузник.
И покрај смирувањето на фронтот со Техеран, воените операции во Либан продолжуваат со несмален интензитет.






