Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел

Либанскиот претседател Жозеф Аун синоќа изјави дека единственото решение за ситуацијата со која се соочува Либан е прекин на огнот со Израел што би довело до директни преговори меѓу двете земји, соопшти неговиот кабинет.

Аун рече дека либанскиот предлог за прекин на огнот и преговорите почнува да добива позитивни реакции во меѓународните кругови, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Либан продолжува да води меѓународни разговори за тоа прашање.

Back to top button
Close