Муцунски го осуди палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во Скопје, кое се случи за време на велигденските празници.

„Овој чин е целосно неприфатлив и заслужува најсилна осуда. Во нашето општество нема место за вакви дела“, порача Муцунски.Тој информираше дека надлежните институции веќе започнале истрага за случајот и нагласи дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Воедно, министерот потенцираше дека Македонија останува посветена на вредностите на толеранција, соживот и мултиетничка хармонија






