СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

Соопштение на сдсм

 

Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

Со падот на режимот на Орбан во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски.

 

Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси.

 

Медиумска империја:

Скоро 40% од медиумскиот простор во Македонија е под директна контрола на луѓе на Орбан. Преку своите блиски бизнисмени (Петер Шац и Агнеш Адамик) Орбан купи и контролира огромен број медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. Тие се пропагандна машина во Македонија.

Телекомуникации:

Компанијата на Орбан 4iG доби лиценцаза трет мобилен оператор во Македонија (One Macedonia). Со оваа лиценца влегоа во 5G мрежата и добија можност да ги поврзат медиумите, платформите и инфраструктурата во единствена контрола, точно како што Орбан го правеше во Унгарија а Вучиќ го прави во Србија.

 

Енергетика и инфраструктура:

Преку тајни договори и посредници, Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Овие проекти беа дел од пошироката стратегија за економско влијание на Балканот.

Ви бизнисот во енергетиката, последно преку фирма „Статус Енерџи “, ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT дел од Status Energy Private Equity Fund која е поврзана со Виктор Орбан преку сопственичка структура што ја вклучува OPUS Global, компанија контролирана од Лоринц Месарош (Mészáros Lőrinc).

 

Кредити и пари:

Унгарија даде милијарда евра кредити (кинески пари) на Владата на Мицкоски под „пријателски” услови кои ќе ни ги отплаќаат нашите внуци. Овие пари доаѓаа како дел од пакетот за политичка и медиумска поддршка.

Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на виделина. Сите овие договори мора да бидат детално истражени.

СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски

Back to top button
Close