Претседателот на Либан одбил да разговара со Нетанјаху

Либанскиот претседател Џозеф Аун одби да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека лидерите на Израел и Либан денеска ќе разговараат за прекин на конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан, која е поддржана од Иран.
Претставник на либанската влада, чие име не е наведено, изјави дека состанокот меѓу Аун и Нетанјаху бил одбиен за време на разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио и дека Вашингтон „го разбира ставот на Либан“.
Канцеларијата на Аун го потврди разговорот со Рубио, но не ја спомена можноста за разговор со Нетанјаху.






