Иран повторно го отвори Ормускиот теснец за комерцијален сообраќај

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи објави дека Ормускиот теснец е повторно отворен за целиот комерцијален поморски сообраќај.

Според неговата објава на социјалната мрежа X, одлуката е донесена во согласност со тековниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан и ќе важи до истекот на тој договор.

Тој наведе дека сите трговски бродови ќе можат непречено да минуваат низ теснецот, по координирани рути утврдени од надлежната иранска поморска и пристанишна администрација. Арагчи истакна дека оваа мерка е дел од поширокиот договор поврзан со стабилизацијата на регионалните безбедносни услови објави Скопје1.мк

Back to top button
Close